ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Контролор:
ИНЕКС ГОРИЦА АД Охрид
Наум Охридски бр.5-7, Охрид
Тел. + 389 76 400 040
Угостителство, туризам и трговија ИНЕКС ГОРИЦА АД Охрид (во понатамошниот текст: ИНЕКС ГОРИЦА, Контролор, организација), посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во РСМ, како и со интерните акти на друштвото.
Исполнувањето на потребите и очекувањата од нашите гости секогаш е наш највисок приоритет, а меѓу нив е вклучена и заштитата на приватност. Ние ја изготвивме оваа изјава за заштита за да го опишеме нашиот пристап за исполнување на седумте принципи за безбедно чување според Македонските закони. Оваа изјава се однесува ИНЕКС ГОРИЦА АД Охрид.
Хотел ИНЕКС ГОРИЦА е во согласност со Македонските Закони за Заштита на Приватност во однос на собирање, употреба и чување на лични информации од нашите гости.
За целите на заштита на личните податоци, ИНЕКС ГОРИЦА има назначено Офицер за заштита на личните податоци (контакт податоци подолу), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права.
Видови на податоци кои ние ги собираме
Во зависност од тоа за која намена се доставени/прибрани податоците, ние собираме разни видови податоци од субјектите кои се потребни за исполнување на целта за која се прибрани, како и за професионалните односи помеѓу ИНЕКС ГОРИЦА и корисниците. Може да собираме вакви информации на повеќе начини, вклучително од Вас директно, од нашите авторизирани подизведувачи, од трети страни со кои што соработуваме.
Особено, ИНЕКС ГОРИЦА може да врши обработка на следниве лични податоци:
Може да собираме вакви информации на повеќе начини, вклучително од Вас директно, од нашите авторизирани подизведувачи, од трети страни со кои што соработуваме (пр. туристички агенции, авио компании, агенти за настани или слични провајдери).
Понекогаш, ќе Ви биде побарано да обезбедите лични информации на други кон нас (на пример, индивидуалци за кои што правите резервации). Во такви случаи, сметаме на Вас за добивање на согласноста на другото лице за доставување на нивните информации кон нас кои што ќе ги користиме според оваа Изјава.
Секогаш може да одберете какви лични информации ќе ни ги дадете. Ако одберете да не споделувате одредени детали, тоа може да влијае врз одредени услуги.
Контактирање преку контакт формата на нашата веб страна: име, меил телефонски број и компанија. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност.
Ние ги користиме податоците добиени од Вас првенствено со цел да ја пополниме вашата хотелска резервација и да одговориме на одредени законски обврски. Пред вашиот престој ова може да вклучува испраќање на Вашите податоци во хотелот или испраќање на пораки до Вас пред самиот престој. Во некои случаи доколку ја имаме Вашата согласност , ние ќе ви испраќаме маркетишки пораки за одредени промоции и новости кои сметаме дека ќе бидат релевантни за Вас. Ги користиме личните информации за целите кои што Ви ги објавуваме, или според она што е дозволено со закон. Општо ги користиме личните информации за:
Како ги чуваме Вашите лични податоци
ИНЕКС ГОРИЦА ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на Вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до Вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени. Вработените во организацијата имаат потпишано Изјава за обезбедување тајност и заштитана личните податоци и се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со Вашите податоци како со информации од доверлива природа.
Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.
Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.
Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.
Сите добиени согласност од страна на субјектите на личните податоц.
Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на
задржување.
Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:
Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани. Организацијата чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на друштвото и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.
Ги третираме личните информации кои што ни ги доставувате како доверливи и преземаме разумни чекори, вклучувајќи и стандардни мерки на заштите за Вашите лични информации против случајно бришење или губење, како и неовластен пристап, проследување или изменување.
Организацијата гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од организацијата:
Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата можете да го поднесете на адреса „Наум Охридски бр. 5-7, Охрид “ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата [email protected] при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање. Офицер за заштита на лични податоци е назначено лицето: Симона Јовановска и може да го контактирате на меил адресата [email protected] : Регулаторно тело за заштита на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци со адреса: бул.„Гоце Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ – кат 14) и контакт: [email protected]
НАПОМЕНА: Пред поднесување на Барање за остварување на правата се охрабруваат и замолуваат сите субјекти на лични податоци да ги прочитаат релевантните законски одредби цитирани погоре кои содржат услови и ограничувања кога и како се остваруваат правата, а со цел да се избегнат непотребни и неосновани барања до ИНЕКС ГОРИЦА.
Воедно напоменуваме дека бараните информации ИНЕКС ГОРИЦА ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи ИНЕКС ГОРИЦА или ќе одбие да постапи по Барањетоили ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што соодветно ќе бидете известени.
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.
Датум: 28.06.2024 година.
Управата на ИНЕКС ГОРИЦА АД гарантира за Заштитата на личните податоци на вработените и на субјектите до чии податоци има пристап и изјавува дека ќе се придржува до имплементираните технички и организациски мерки!
© Copyright Inex Olgica Hotel & Spa – Design & Develop by DC Creative Solutions
Cookie name | Active |
---|